Skip to main content

Изложба посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски во Археолошкиот музеј

Во соработка со Фондацијата „ Кирил Трајковски“ Археолошкиот музеј ја отвора изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски, насловена „По трагите на македонската средновековна археологија – низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“.

Делото на Кирил Трајковски претставува значаен придонес во истражувањето и разбирањето на македонската средновековна археологија. Неговата посветеност, теренска работа и научна љубопитност оставија трајна трага која денес ја продолжуваме и надградуваме.

Оваа изложба нè води низ еден исклучително значаен сегмент од нашето минато – средновековието, период кој носи длабока духовна и културна вредност. Преку археолошките истражувања на локалитетите во Мородвис и Кожле, пред нас се отвора приказната за секојдневниот живот, верувањата и континуитетот на живеењето на овие простори. Истовремено таа претставува не само поглед кон минатото, туку и потсетник дека културното наследство е живо, тоа е мост помеѓу времињата кој што нè поврзува со нашите корени и со вредностите кои што и денес ги носиме.

Се гледаме во среда на 29 април, во 14 часот, во просториите на Археолошкиот музеј на РС Македонија.

Поврзани вести