Skip to main content

Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен поради погрешно испечатени редни броеви

Порешно испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во Општина Ново Село утринава го спречија гласањето на болни и изнемоштени лица во оваа општина. На овие локални избори во Општина Ново Село пријавени се 400 лица кои со медицинска документација потврдиле дека не можат утре да излезат на избирачките места да гласат, па согласно законот, своето право требаше да го остварат денеска.

Избирачките одбори утрово не заминале кон домовите на болните и изнемоштени во општината за да можат тие да гласаат. Според неофицијални информации, сменети се редните броеви на двајца носители на листите за советници.

За случајот е информирана Државната изборна комисија. Оттаму брифираа дека гласачкиот материјал за советници е повлечен и се дистрибуира нов и дека сите болни и изнемоштени ќе го остварат своето право.

Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат“, соопштија од ДИК.

Во струмичкиот регион пријавени се 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Општина Ново Село, денеска гласаат и 514 болни и изнемоштени во Општина Струмица, во Босилово 232, а во Општина Василево 162.

Поврзани вести