Skip to main content

Градоначалникот Проданоски на заедничка ифтарска вечера со граѓаните на Прилеп

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед.

Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој се градат односите во заедницата. Тој нагласи дека преку вакви средби се испраќа силна порака за важноста на заедништвото и разбирањето меѓу граѓаните.

Овој настан е уште една потврда дека заедништвото и почитта се нашата најголема сила“, порача градоначалникот.

Во пресрет на Рамазан Бајрам, Проданоски упати честитки до сите припадници на исламската вероисповед, посакувајќи им мир, хармонија и благосостојба во секој дом, како и добро здравје, спокој и радост во кругот на најблиските.

Тој додаде дека Општина Прилеп ќе продолжи да работи во насока на градење посветла и поинклузивна иднина за сите граѓани.

Поврзани вести