Skip to main content

Градоначалникот на Битола приреди прием за амбасадорите на Германија и Франција

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски приреди прием за амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.

На заедничката средба, разменети се искуствата од реализацијата на тековните проекти, коишто општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.

Градоначалникот Коњановски се заблагодарил на поддршката којашто општината во континуитет ја добива од овие држави.

На средбата присуствуваше и Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција во Битола. 

Поврзани вести