
ВМРО-ДПМНЕ и денеска со реакција за неповлекувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, откако Собранието му изгласа недоверба. И покрај недовербата, Коцевски не размислува да поднесе оставка.
„Година дена од неговото назначување, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски е штит на криминалот и корупцијата на СДС. Година дена Љупчо Коцевски, молчеше и ги бранеше членовите на СДС и блиски лица до Заев и Филипче, кои беа поврзувани со одреден криминал. И тоа продолжува и ден денес со тоа што СДС не гласаше за интерпелација на Коцевски, а тој без срам не поднесува оставка од морални причини – се вели во соопштението на владејачката партија.
Тие додаваат дека луѓето кои беа синоним за криминал и корупција се шетале по улиците слободно, благодарение на Коцевски кој „ниту еднаш не застанал во одбрана на правдата, туку во одбрана на СДС и лицата блиски до Заев и Филипче“.
Иако СДС со месеци го повикуваше Коцевски дека не работел по прописите, сега кога тој треба да си оди од таа функција, на СДС тоа не им одговара затоа што знаат дека нема веќе кој да ги штити.
Затоа, потребна е итна оставка од ЈО Коцевски, и правдата да излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за правдата и граѓаните да бидат задоволени!“ – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.