Skip to main content

Гаши: Уставот не смее да се отвора ад-хок

Не мислам дека Уставот треба ад-хок и парцијално да се отвора за одредени прашања, изјави денеска претседателот на макеоднското Собрание Африм Гаши. На редовниот брифинг со новинари тој одговори на новинарско прашање врзано за ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема политички услови за отворање на Уставот“. Според Гаши, отворање на Уставот во овој период не треба да се прави ниту кога се во прашање промени кои не се врзани за внесување на Бугарите во Уставот.

– Уставот не треба ад-хок да се отвора. Штом ќе се отвори Уставот секој сака да ја постигне својата полиитчка цел. Знаеме дека е проблематично да се отвори Уставот само за едно прашање. Секој инсистира на друго и тоа може да доведе до правење поголем проблем отколку корист. Но, тоа е првенствено работа и одлука на политичкие партии а не моја како претседател на Собранието, рече Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски на завчерашната дебата во Уставниот суд околу потребата да се воведе институт уставна жалба, а за што се потребни уставни промени, рече дека „политичките услови“ не дозволуваат какви и да е промени. Освен барањето за внес на Бугарите во Уставот има и повеќедруги барања за чие исполнување е потребно отворање на Уставот. Такви се, на пример, и барањето да се доенсе посебен закон за Уставен суд, намалување на собранискиот состав на 90 пратеници, нов државен симбол, промена на формулацијата 20 отсто со албански јазик. Најнови се барањата на ДУИ – Владата да се избира со Бадентеровиот принцип и Уставниот суд да носи одлуки со двојно гласање за законите што се донесени со Бадентеровото мнозинство…

Но, според Гаши, менувањето на Уставот е во доменот на одлуките на парламентарни политички партии.

-Прашањето е чисто политичко. Не е дел од мојата компетанција како претседател на Собранието. Се согласувам дека е битно прашање. Кога зборуваме за Уставот мислам дека треба поширока дебата да се отвори за уставот, за секое прашање. Но, тоа сепак е дел од поширока политичка и општествена дебата кога ќе се создадат услови и кога ќе се согласат две третини од пратениците за некакви измени во Уставот , тогаш може да го отвориме. Ако сакате подлабока реформа, нормално, не би било добро парцијално. А ако сакаме, како што беше Преспански договор, и кога треба едно нешто да смениш, тогаш политичките прилики налагаат такво решение. Како и да е, тоа е волја на политичките партии, јас немам ингеренции да влијаам врз таквите процеси – рече Гаши.

Поврзани вести