Skip to main content
ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ

Гармиш или Дубаи: Каде ќе пее за Божик омилениот пејач на Зоки и Венко?

СДСМ секојдневно тонат во своите соопштенија, обвини владејачката партија.

Повторно денеска со нови безмислени соопштенија, полни со зборот мигранти, пари и слични небулози, сакаат да стигнат до медиумскиот простор.СДСМ вели мигранти ќе дошле во Македонија по избори. Прво демантираме по 100.000 пат дека нема да има мигранти во Македонија. Второ, избори исто така нема да има оваа година. Следните се 2028 година. И трето, оваа теза на СДС за мигранти во Македонија по избори има 2 значења:, објасни ВМРО-ДПМНЕ.

– Првото е дека они ќе ги добијат изборите (можноста за ова е рамна на 0), па ќе донесат они мигранти за пари во Македонија;

– Втората опција (која е реална) е дека СДС ќе загуби на евентуални предвремени избори, но за наша среќа а жал на СДС – мигранти нема да има.

Им порачуваме да препрочитаат што пишуваат и да сфатат дека овие соопштенија, пораки не поминуваат никаде.

П.С. Имате ли агенда на Харис Џиновиќ во Германија или во Дубаи ќе пее за Божиќ? За претседател на една партија прашуваме?

Поврзани вести