Skip to main content

Филипче на граѓански собир во Ресен

СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Ресен ги повика граѓаните на 19 октомври да го дадат својот глас за Александар Бузлевски и советничкиот тим предводен од Борче Ристевски, кои со својата работа ќе го направат Ресен функционална, средена, чиста, модерна општина со можности за младите.

Го слушнавте планот и програмата на Александар, ги слушнавте проектите кои ќе го вратат Ресен на патот на развојот, проекти кои се реални, а не празни зборови и проекти кои го подобруваат животот на сите. Не заборавил Александар ниту едно семејство, ниту едно маало, ниту едно населено место. Во неговата визија за Ресен никој не е заборавен и секој ќе ги почувствува резултатите од неговата работа“, нагласи Филипче.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека Александар Бузлевски е човек израснат меѓу Ресенчани, кој најдобро ги разбира и со нив ја дели истата љубов и болка за Преспа и заедно ќе градат силен и достоинствен Ресен, град во кој секој сака да остане.

Време е за работа, проекти и одговорност во Ресен. Време е да започнеме ново поглавје за Ресен. Затоа вечерва од бисерот на Преспа праќаме порака: Ресенчани се борат за својот дом, Ресенчани се борат за своето семејство, се борат за развој и перспектива на Ресен! Во недела, на 19 октомври да покажеме дека вистинската сила не е во паролите, туку во делата. И дека токму од овде, од Преспа, може да почне новата страница на достоинство и надеж“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Ресен.

Поврзани вести