Skip to main content

ДУИ е „распад систем“: Во партијата нема ни кој да напише соопштение, Османи размислувал да замине за Турција?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ја разгневи јавноста со изјавата која беше протолкувана дека Македонците зборуваат бугарски јазик.

Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја, изјави вчера Ахмети во Чашка.

Оваа изјава на Ахмети може да се толкува како обид за привлекување на внимание од страна на Ахмети, во ситуација кога ДУИ е дефакторизирана, а тоа најдобро се прави со изјави во кои се спомнуваат Македонците и проблемите што ги имаат со Бугарија во однос на јазнкот.

Како што брифираат добро упатени извори, во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во позадина ги влечеше сите конци, и организациски и кадровски. Се говори и дека се случувало во партијата да нема кој да напише ниту дневно сооштение.

Сегашното раководство ни оддалеку нема капацитет да одговори на барањата на ДУИ како најголема опозициска партија, која до пред само седум месеци жареше и палеше во Македонија.

Се шушка и дека голем дел од видните членови на ДУИ веќе преминуваат во партиите од коалицијата Вреди. Еден од нив е довчерашниот портпарол на Владата Мухамед Хоџа кој наводно преминал во партијата на Изет Меџити, Демократско движење. „Република“ му испрати порака на Хоџа дали навистина заминал од ДУИ, но не добивме одговор.

За заминување од Македонија наводно размислувал и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи, кој по професија е доктор сакал својата кариера да ја продолжи на некоја од клиниките во Турција.

Поврзани вести