
Согласно изнесените информации од страна на Градоначалникот добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид по чл.218-б од КЗ.
Согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.
Владата треба да размисли какви кадри поставува на одговорни функции, кои треба да превенираат идни хаварии.