
На маргините на состанокот на генерални секретари на парламенти на ЕУ, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со генералната секретарка на Данскиот парламент, Мари Хансен.
Како што информира собраниската прес-служба, Димовска на средбата ја претставила Стратегијата за дигитална трансформација на Собранието 2026-2028. Димовска се осврнала на активностите на собраниската служба, во насока на новоформираното одделение во Собранието за проценка на влијанието на регулативата и агендата за родова еднаквост.

Хансен констатира дека продлабочување на соработката на службениците е од полза на двете собранија. Во насока на евроинтеграциите, искажана е поддршка за процесот и унапредување на вештините на службата во евроинтеграциите процеси. Хансен ѝ се заблагодарила на Димовска за придонесот во дебатата.
Соговорничките се согласиле дека меѓупарламентарната соработка, размената на искуства за актуелните предизвици е клучна и останува приоритет за двете страни.

Македонски



