Skip to main content

ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто

По општини:

– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.

Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.

Поврзани вести