
Хаосот со пензиите продолжува. Пензионерите и понатаму се во неизвесност дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира. Поради тоа, во понеделник, први декември, со почеток во 11 часот пензионерите од цела држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје.
Од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување смируваат. Од таму потенцираат дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари)
Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година, велат од ФЗОМ.
Оттаму информираат и дека за наредната година Владата во Буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

Македонски






