Skip to main content

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и на неколку места во цела Македонија

1. Останете информирани

  • Следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации.
  • Почитувајте ги сите наредби за евакуација или засолнување.

2. Ограничете го изложувањето на чад

  • Држете ги прозорците и вратите затворени.
  • Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух.

3. Засолнете се во безбеден простор

  • Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор.
  • Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента.

4. Користете соодветна заштитна опрема

  • Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Најефикасна заштита обезбедуваат маски со филтер од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски со филтри за органски и неоргански гасови.
  • Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).

5. Заштита на ранливи групи

  • Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести да останат во најзаштитените простории.
  • При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш побарајте медицинска помош.

6. Подгответе се за евакуација

  • Подгответе торба со најважните документи, лекови, вода, храна и средства за лична заштита.
  • Знајте ги најкратките и најбезбедни патишта за евакуација.

7. Прва помош при изложеност на чад или изгореници

  • Ако некој има симптоми на труење со чад, изнесете го на свеж воздух и побарајте медицинска помош.

8. Комуникација

  • Останете во контакт со семејството и соседите, особено со ранливите лица.
  • Известете ги надлежните служби за лица што имаат потреба од помош.

Поврзани вести