
Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Според последните информации, во моментов нема активни пожари на територијата на државата.
Од вкупно регистрираните, 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела нискостеблеста шума и ниска вегетација. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен за да спречат повторно активирање на огнот.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат внимателни при престој во природа, особено поради високите температури и сувото време. Граѓаните се повикуваат да не палат оган на отворено и веднаш да пријават доколку забележат чад или пожар. Надлежните предупредуваат дека и натаму постои висок ризик од избувнување пожари, па затоа е потребна максимална претпазливост.

Македонски


