
„Деца на сонцето“ (2014) на Антонио Митриќески е моќна семејна драма за едно необично семејство чиј живот се менува засекогаш кога мафијата ќе го разори нивниот свет.
Во главните улоги настапуваат: Мето Јовановски, Владо Јовановски, Ивана Павлаковиќ, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова, Данчо Чевревски итн.
Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски.
Ве очекуваме на уште една бесплатна проекција во рамките на циклусот „Македонски филм. На големо платно.“

Македонски


