Skip to main content

Вечерва се заокружува јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно” со бесплатна проекција на „Мими” на Даријан Пејовски

Вечерва се заокружува јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно” со бесплатна проекција на “Мими” на Даријан Пејовски.

МИМИ – Даријан Пејовски 📌 27 јули | 19:00 часот 📍Cineplexx

Во главните улоги настапуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ и Стефан Спасов, кои преку силни актерски изведби ја носат емотивната приказна за една млада жена во потрага по припадност, љубов и надеж.

Дојдете да уживаме заедно во современата македонска кинематографија и приказните на новата генерација македонски автори.

Македонски филм. На големо платно.

Поврзани вести