Skip to main content

Честитка од претседателката Сиљановска – Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Ми претставува особено задоволство на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Искрено посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина. Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Тој нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој, пишува претседателката во честитката.

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, порачува таа, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината и да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани.

Поврзани вести