Skip to main content

„Фостер“ повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата

Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време, соопштија попладнево од таму.

Министерството за здравство и понатаму ќе спроведува активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните, додаваат од МЗ.

Инаку, цената на „фостер“ од 300 скокна на 1.081 денар, по што реагираа пацинетите кои го користат за да можат полесно да дишат.

Поврзани вести