Skip to main content

Жена прво ѝ украла чанта од возилото на скопјанка во Карпош, а потоа и ја натепала

Вчера во 08:25 часот во СВР Скопје 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош била извршена кражба во нејзиното возило.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавата, женско лице од нејзиното возило одзело чанта со паричник, документи, мобилен телефон, пари и други предмети, а потоа и физички ја нападнала пријавителката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести