Skip to main content

Бараат казните да бидат и на албански јазик: ДУИ ќе даде поддршка за Законот за „Сејф сити“

,ДУИ донесе одлука да ги поддржи предложените измени во Законот за прекршоци со кои системот „Сејф
Сити“ треба да стартува од први февруари. Рина Ајдари координатор на пратенчиката група нагласи дека едно од главните нивни барања се известувањата од „Сејф Сити“ да бидат и на
албански јазик, кој велат, е службен во државата.

Според Ајдари сега ќе дадат шанса на овој проект, а доколку нивните барања не бидат исполнети ќе иницираат нови законски измени.

Од денеска се тестираат и камерите пред најавеното пуштање за десет дена.

Поврзани вести