Skip to main content
tqha-I0v1lA

Андоновска: Македонија покажува демократска зрелост, граѓаните покажуваат демократска култура

Прес-конференција на членот на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска:

„Македонија покажува демократска зрелост, граѓаните покажуваат демократска култура. Денот минува во демократско-празнична атмосфера, каква што доликува на држава со развиен демократски систем.

Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ ја изразува својата благодарност за излезеноста и тоа што граѓаните го искористија своето уставно загарантирано право на избор на овие локални избори.

Со користење на правото на глас, секој еден од вас одлучува за иднината и просперитетот на својата општина и човекот кој ќе ја води истата.

Согласно пресекот до 17 часот од информациите споделени од страна на ДИК, излезеноста до 17 часот на ниво на целата држава е 39,87%.

Ви благодариме на сите кои излеговте и гласавте.

Имено, изборниот ден тече и се одвива во фер, мирна и демократска атмосфера, и очекуваме така и да заврши.

Воедно, ВМРО- ДПМНЕ, очекува одличен резултат на овие локални избори, а нашата обврска секогаш е да ја оправдаме довербата која граѓаните ни ја даваат.

Уште еднаш, ги повикуваме граѓаните, има уште помалку од 1 час до крајот на изборниот ден, масовно да го искористат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Воедно, им се заблагодаруваме на граѓаните што веќе го искористија своето право на глас.“

Поврзани вести