Skip to main content

Здружението на преведувачи и толкувачи денеска одбележува 15 години постоење

Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одбележи 15 години постоење и работа во унапредувањето на преведувачката и толкувачката професија во земјава.

Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани почетоците на Здружението, најзначајните постигнувања во изминатата деценија и пол и ќе бидат доделени  признанија и  благодарници за придонесот на неговите основачи и минати претседатели.

-Со овој значаен јубилеј и 15 години постоење и посветена работа, Здружението ја потврдува  својата важна улога во развојот на и застапувањето за преведувачката и толкувачката  професија во Македонија, соопшти ЗПРМ. 

ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година. Неговата мисија е да воведе професионални стандарди на пазарот во државава, да работи на професионалниот развој на членовите на  професијата и да создава позитивна перцепција за професиите преведувач и толкувач меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност. 

Поврзани вести