
Претставата „Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми“, ремек дело на Тони Кушнер, во режија на Филип Петковски ќе биде премиерно прикажана вечерва во 20 часот на големната сцена на Македонскиот народен театар во Скопје. За оваа драма, Кушнер е добитник на „Пулицеровата награда“, наградата „Тони“, а текстот го напишал инспириран од својот приватен живот. Ова дело засекогаш ќе ја промени светската театарска историја, а Кушнер ќе го позиционира како еден од највлијателните американски драмски автори, вели Петковски.
Играат актерите: Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
Сместена во Њујорк, во 1980-те, во време на конзервативната политика на Роланд Реган и јавна незаинтересираност за епидемијата на сина „Ангели во Америка“ ја следи судбината на четири геј ликови и новните најблиски, чии приказни зборуваат за љубов под назамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човековата потреба да се најде надеж дури и кога светот е решен да ја уништи. Овие приказни се испрепетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кин, кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но на крајот умира од сида.

Сите актери играат по неколку ликови во претставата, бидејќи такви се и насоките во текстот, кажа на прес-конференцијата по попов премиерата режисерот Петковски, кој го превел текстот.
Мене лично ми беше голем предизвик овој текст. Прво, неговата содржина, бидејќи на многу интигрантен и интересен начин автортот спојува неколку теми и ја опшува културата во Америка во 80-те години на минатиот век, културата на мормоните, Евреите кои живеат во Њујорк… сите тие моменти се испрплетени и на еден начин ја критикува таа десничарка влада во Америка во тоа време, кажа Петковски.
„Ангели во Америка“ е преведена на многу светски јазици и е поставена на театарски сцени ширум светот. Во 2003 година е снимена и серија со Мерил Стрип, Ема Томпсон, Патрик Вилсон, Ал Пачино која беше голем хит.
Фокусот беше да направиме нешто наше и нешто ново, да не се надоворзуваме на тоа што го играла Мерил Стрип или другите, вели режисерот.
Успехот на оваа драма се должи на способноста на овој драмски текст да го претвори театарот во моќна алатка за општествени коментари преку личните приказни на ликовите, комбинирајќи извонредна драматуршка структура, акцент на актерската игра и симболични сцени што и денес звучат релевантно – вели Петковски.
Актерот Илин Јовановски рече дека многу теми се обработуваат во претставата.
Според мене, една од најважните работи во оваа претстава е борбата кај секој индивидуалец во претставата за својата слобода и како реагира човек, во недостиг на таа слобода – подвлече Јовановски.
На прашањето како, според него, стоиме како општество, со предрасудите и табуата, актерот рече:
Мислам дека се движиме, не мислам дека стоиме. Е сега, дали тоа може малку побрзо да се случува, може. Секако, треба секогаш да се бориме против предрасудите, бидејќи предрасудата е само еден недостиг на информации. Од нешто што не се знае, од недоволна информираност. Обично луѓето поради тоа, реагираат, како што реагираат. Но, дефинитивно треба да се бориме против тоа.

Сценографијата е на Мартин Манев, а костимите на Антонија Гугинска – Јордановска, а продуценти се Петар Антевски и Филип Петковски.
Претставата е копродукција на Здружението за афирмација на театарксата уметност „Пресврт“ и МНТ, со поддршка на Министерството за култура и туризам, „Јуроп хаус“, Германската амабасада во Скопје, Здружението „Заедно посилни“ и Gilead Sciences Europe LTD.
Претставата трае два часа и 45 минути.
Следната изведба е на втори септември во 20 часот.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.