
Синоќа во Националната галерија – објект „Мала станица“ беше отворена изложбата „Скриеното трето“, која уште еднаш потврди дека уметноста е најсилниот простор на средба – таму каде што различните приказни почнуваат да се слушаат една со друга.
Реакциите на стручната јавност, како и на љубителите на уметноста, беа повеќе одлични – силни емоции, длабоки разговори и искрена возбуда пред делата на уметниците од Грција, Србија, Кипар и нашите македонски претставнички.
Искрена благодарност упатуваме до Министерството за култура и туризам за поддршката и јасната свест дека културната размена е двигател на вистинската регионална соработка.
Особена чест ни беше присуството на Н.Е. г-ѓа Софија Филипидоу, Амбасадорка на Република Грција, чија поддршка – заедно со ангажманот на тимот од Амбасадата – беше од големо значење за реализацијата на изложбата.
Изложбата продолжува да живее – а енергијата од ова отворање ќе ја носиме долго, велат од Национална галерија.