
Денес, со почеток во 12:00 часот во Галерија ОСТЕН во Скопје, ќе биде отворена изложбата на слики и скулптури од 10 македонски уметници од колекцијата на ОСТЕН музејот. Сите уметници ќе бидат присутни на отворањето и достапни за разговор.
Уметници:
Милан Андов
Влатко Бороевиќ
Васил Василев
Кирил Гегоски
А. Иваноски – Карадаре
Мице Јанкуловски
Ристо Мијаковски
Данчо Ордев
Киро Урдин
Трајче Чатмов
Изложбата ќе биде отворена до 25 јануари 2025 година.
Повелете на уметничко матине во Галерија ОСТЕН.