
Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје.
Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширење заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните.
Како што информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, активноста е спроведена согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје.
Навременото третирање е клучно за спречување на масовна појава на комарци во летниот период. Градот Скопје продолжува со системски, навремени и одговорни активности за заштита на граѓаните. Во следните денови ќе се реализираат уште две фази од дезинсекцијата, со цел целосна и ефикасна заштита на територијата на градот“м информира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Македонски



