
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, по една година помината во притвор, ќе се брани од слобода откако Кривичниот суд ја прифати понудената гаранција обезбедена со хипотека на недвижен имот.
Според соопштението на судот, покрај Васев, од притвор е ослободен и поранешниот економски директор Артан Нухи, откако станале правосилни решенијата со кои им се определуваат гаранции.
На обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Република Македонија, која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот.
Воедно, на обвинетите им се определени и следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето на територијата на град Скопје; обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот; и привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Македонски



