Skip to main content

Страхил Петровски на 30 декември изложува во Gallery MC во Македонскиот културен центар во Њујорк

На 30 декември во Галерија МЦ (Gallery MC) во Македонскиот културен центар во Њујорк ќе биде отворена мултимедијалната изложба – просторна инсталација со наслов „Реминисценции“ на познатиот македонски визуелен и мултимедијален уметник Страхил Петровски. Љубителите на уметноста и целата американска јавност ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата на Петровски до 9 јануари.

Претстојната изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк е негово второ претставување на уметничката сцена во овој град и дел од серијата негови самостојни изложби што ги реализираше годинава во повеќе европски и светски културни центри. По изложбата во Париз во јуни годинава, тој се претставува во Њујорк со сосема нова концепција во Галерија МЦ и со нови дела, цртежи што го дополнуваат наративот на поставката.

Поврзани вести