Skip to main content

Синиша Евтимов во велешки театар ја режира „Тестостерон“

Фејсбук профил на Народен театар Ј.Х.К. Џинот

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес започна со пробите за претставата „Тестостерон“ по текст од полскиот автор Анджеј Сарамонович а во режија на Синиша Евтимов.

Во претставата улогите ќе ги толкуваат : Јордан Витанов, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски , Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски и Филип Хростовски.

Премиерата ќе биде на 27 март.

Поврзани вести