
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, имав чест да ја прогласам за отворена изложбата „Архивски документи“ на нашата истакната уметница Жанета Вангели, напиша на својот фејсбук профил претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Преку специфичниот визуелен јазик и концептуален пристап, Вангели уште еднаш потврдува дека македонската културна сцена има што да му понуди на европскиот културен простор. Оваа изложба не е само уметничко доживување, туку и длабоко промислување на историјата, идентитетот и меморијата.
Ваквите настани се потврда на моќта на културната дипломатија.
КИЦ во Загреб продолжува да биде нашиот најдобар амбасадор, место каде што македонскиот дух и креативност се среќаваат со пријателската хрватска јавност.

Македонски



