
Честитки за нашиот Сашко Костов за номинацијата за најдобра театарска музика на овогодишното доделување на најпрестижните театарски награди во Бугарија — „ASKEER Awards 2025“!
Тој е номиниран заедно со својот колега од Драматичен театър-Пловдив, Јавор Карагитлиев, за музиката во претставата „БЕЗ КРВ“, копродукциски проект на Театарот Јордан Хаџи Константинов-Џинот од Велес и Драмскиот театар од Пловдив.
Претставата „Без крв“ има вкупно 5 номинации: за најдобра сценографија (Валентин Светозарев), најдобра костимографија (Раде Вссилев и Елена Вангеловска), најдобра претстава, најдобра режија (Диана Добрева) и најдобра музика.
Им посакуваме многу успех на сите номинирани!