Skip to main content

Промоција на новиот роман на Лидија Димковска „Тринаесеттиот“

На 2 март (понеделник), од 19 часот, „Јуроп хаус“ во Скопје ќе се претвори во висококатница во која живеат месеците. Се запознаваме со „Тринаесеттиот“, новиот роман на Лидија Димковска што носи книжевна магија за деца и млади, а не се изоставени ни возрасните. Наменет за сите што сакаат да се насмеат, да се замислат, а на крај да откријат дека светот може да го смени една приказна.

Ве покануваме на промоција што ќе биде вистинско патување – низ освртот на Весна Мојсова-Чепишевска и разговорот со авторката Димковска, ќе ги откриеме неверојатните ликови и секако, меѓу нив најважниот, Тринаесеттиот. Кој е Оф и зошто токму тој може да ни ги промени светогледите? Дознаваме наскоро! На промоцијата ви најавуваме и изненадувања, но најголемото од нив се случува кога ќе стигнете до последната точка.

Лидија Димковска веќе ги освои домашните читатели и многумина се огласија за значењето на овој роман. Билјана Црвенковска го означи како „роман што ќе ве изненади во секој поглед“, а Анита Бошкова Доковска го нарече „роман што раѓа романи“.

Поврзани вести