Skip to main content

Промоција на книгата „Исповед кон мајка ми Љуба“ од Иван Трпоски

Во понеделник,  25 август од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга од писателот и поет Иван Трпоски во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија.

Книгата е двојазична. Пишувана е на македонски и преведена на англиски јазик. Промотори ќе бидат м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката и проф. д-р Виолета Ачкоска која е и рецензент на книгата.

„Исповед кон мајка ми Љуба“  е книга на тажни спомени и радосни мигови на успеси во животот, успеси на еден човек кој бил принуден да ја напушти Македонија, но кој духовно секогаш останал врзан со папочната врвца за својата мајка и мајковина, за на крајот, во тегла да однесе грст земја од родната градина, на другиот континент, оставајќи аманет со таа земја да биде посипан неговиот ковчег кон вечното почивалиште, пишува рецензентот Ачкоска.

Иван е  роден во 1942 во селото Волино и од 1968 година живее во Сиднеј, Австралија. Трпоски, во последната своја книга на дланка ни го дава сиот свој приватен и професионален живот. Го запознаваме како  син, брат, сопруг, татко, дедо, но и како поет, писател, библиотекар, општественик и ентузијаст.   

Поврзани вести