Skip to main content

Претставата „Генијална идеја“, по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов вечерва во Народен театар Охрид

Претставата „Генијална идеја“, по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов, на Народен Театар Охрид ќе биде изведена во петок на 17.04.2026 година со почеток во 20 часот во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид.

Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.

Картите може да се набават на билетарата при Центарот за култура по цена од 300 денари секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставатата.

Поврзани вести