
Ракометарите на Охрид забележаа победа над Вардар 1961 со 26:24 за прв триумф над „црвено-црните“ во својата клупска историја.
Со оваа победа охриѓани се зацврстија на второто место на табелата.
Ова беше натпревар од 8. коло во плејофот.
На вториот саботен натпревар од ова коло, Алкалоид на гости го победи Тиквеш со 30:23.
Вардар е прв со 56 бода, Охрид има 50, Еурофарм Пелистер трет со 48, Алкалоид има 42, Бутел и Тиквеш собраа по 24.

Македонски



