Skip to main content

По шест години пауза oбјавена Годишната програма за одбележување на значајни настани и историски личности за 2025 година

По шест години пауза, Собранието ја објави Годишната програма за одбележување јубилеи на значајни настани и историски личности за 2025 година. Програмата содржи 103 точки и во согласност е со мултиетничкиот карактер на државата.

Меѓу богатството настани што ќе се одржат годинава е одбележувањето 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Со програмата се одбележува државната меморија, кажа пратеничката Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Објавувањето на ваквата програма всушност нема финансиски импликации , ниту за државата, ниту за институцијата, но е исклучително важна бидејќи ја означува државната меморија и ги означува корените, како оваа држава и како на оваа територија почнала да се создава држава. Значи, се одбележува државната меморија“, изјави Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести