Skip to main content

Перински: Честитки за Националниот џез оркестар и маестро Фајгл

Богат концерт со афро-кубанска музика одржа Националниот џез оркестар сношти (20 февруари) во Филхармонијата. На настанот насовен „Кубански оган“ (Cuban Fire) диригираше Зиги Фајгл од Австрија.

Министерот за локална самоупрљава, Златко Перински, кој го проследи концертот на социјалните мрежи напиша:

🎶Вечер исполнета со страст, ритам и неверојатна музичка енергија!

✨Заедно, со дел од моите колеги, уживав во извонредното музичко доживување Cuban Fire во Македонската филхармонија каде што Националниот џез оркестар во соработка со врвниот диригент Зиги Фајгл ни подари вистинска магија од афро-кубански звуци!

🔝Незаборавна атмосфера создаде спојот на биг-бенд традицијата со латинските ритми – музика што инспирира и носи нова енергија!

👏Честитки за Националниот џез оркестар и маестро Фајгл за уште една незаборавна вечер!



Поврзани вести