
Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп роденденската недела ќе ја слави со богата театарска програма на Сцена 105, од 16 до 19 февруари со почеток во 20:00 часот:
На 16 февруари (Понеделник) гостува „Синиот портокал“ на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес.
17 февруари ( Вторник) гостува „Фетишист“ – монодрамата на Здравко Стојмиров во копродукција со НУ ,,Народен театар – Битола“.
18 февруари (Среда) на Сцена 105 ќе се игра „Делириум тременс“ на Театарската работилница- Прилеп.
19 февруари е резервиран за домаќинот НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп со ,,Црнила“.
А роденденската недела ја заокружуваат со изведба на претставата ,,Црнила “ на гостување во Македонски народен театар – Скопје на 21 февруари во 20:00 часот.
Билетите може да се купат секој работен ден, почнувајќи од четврток, 12.02.2026 година, во термини од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, на билетарницата на НУЦК „Марко Цепенков“.

Македонски



