Skip to main content

Mурал со ликови на истакнати уметници од Валандово

Општина Валандово

Во кино салата во Валандово е поставен мурал со ликови на истакнати уметници кои живееле или потекнуваат од овој град. На муралот се ликовите на пејачот Јанко Узунов, Леонид Манчев, организатор и директор на Фолк фест Валандово, Мирко Попов, автор и продуцент на електронска музика, Ѓоко Дончев, пејач и Костадин Танчев-Динка, графички дизајнер и сликар.

Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадиниов, целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да оддаде признание на личностите кои оставиле траен белег врз културниот развој на локалната заедница и пошироко.

Автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев-Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ.