
И Македонскиот народен театар се прости од Андреј од ДНК, кој настрада во ужасната трагедија во Кочани, кога се запали дискотека за време на нивниот настап.
Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател. Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги- објави МНТ.