
Охридската оперска дива Миланка Новеска, синоќа во Рим блесна во улогата на Росина, во премиерата на претставата „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.
Италијанската публика можеше да ја види на покана на CDS Академијата и „Domma“ театар. Втората претстава е вечерва, а покрај Новеска, дел од актерската екипа се пејачи од Франција, Перу, Романија и Италија.
– Неверојатно горда и среќна, напиша таа по премиерата на нејзините профили на социјалните мрежи.
Како најава за она што следува, деновиве таа беше дел од голем концерт што се одржа во Bishop’s Palace, Ostia Antica. Во преполната сала Миланка настапи со останатите пејачи ангажирани за „Севилскиот бербер“.
Новеска периодов има богата агенда со оперски концерти, соло и настапи со матичниот камерен хор на Eric Ericsons Kammarkör во Шведска

Македонски

