Во четврток на 26 декември 2024 година, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Марта Верина“.
Автор: Драгана Лукан Николоски
Режисер: Нина Николиќ
МАРТА ВЕРИНА – 35 години – Дарја Ризова
ИВО – 20 години – Григор Јовановски
КИРИЛ – 50 години – Благој Веселинов
ЈАСНА – 45 години – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
КРИСТИНА – 40 години – Амернис Нокшиќи
ВЕСНА – 45 години – Софиа Насевска-Трифуновска
КОСТА – 43 години – Саша Ханџиќ
Сценограф и дизајн на видео: Илина Ангеловска
Костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
Музика: Оливер Митковски и Андреја Салпе
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Ко-продукциски проект помеѓу: РСМ НУ Македонски народен театар и Перипетија продукција
Инспициент: Вукица Александрова
Суфлер: Мирослав Атанасовски
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев
Мајстор на тон: Ненад Трпеноски
Видеооператер: Александар Ацески
Реквизитер: Снежана Грнчаревска
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Вучковиќ
Декоратери: Неџат Асан, Дејан Стамчевски, Бурхан Муареми, Зекирија Алим, Мартин Китановски, Нерхан Османовски и Ибрахим Рамановски
Лектор: Зорица Манаскова Станковиќ
Дизајнер на плакатот: Сара Митова
Фотограф: Дени Ингилизовски
Уредник на програмски каталог: Мила Анѓелковиќ
Лектор на програмски каталог: Тодорка Балова
Технички раководител: Гунтер Кубе
Координатори на техничките служби: Ивица Урдаревиќ и Југослав Ацевски
Раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова
Раководител на финансии: Кристина Ацковска
Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар) и Зоран Миновски (бравар)
Еднаш, Горан Стефановски, на едно предавање, ни кажа дека театарот е искривено огледало на реалноста кое треба да ги потенцира работите кои сакаме да му ги кажеме на светот, а тоа најдобро се прави кога крадеме, од оние кои се подобри писатели од нас и од самиот живот. „Марта Верина“ е драма која секоја своја реплика ја има украдено од стварноста. Ова е драма напишана низ клучалка, ни го покажува животот зад затворената врата, на моменти до непријатност од интимноста со која се соочуваме. Нејзините ликови сите ги познаваме, ги среќаваме секој ден, ги сакаме или ги мразиме, но тие не се црно бели, тие ги имаат сите тонови на спектарот и истовремено се ужасно во право и ужасно грешат. Ова е драма во која ликовите се разголуваат, ги тргаат сите слоеви кои ги имаат создадено за да се заштитат од суровиот свет и ни се покажуваат такви какви што сме сите ние кога ќе собереме доволно храброст да се погледнеме искрено во искривеното огледало кои ги потенцира сите наши маани.
Марта Верина е драма за луѓето, за мажите, за жените и за децата, за тоа како делуваат нашите постапки врз оние кои ни се најблиски. Но, најмногу од сè, ова е драма за љубовта. Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, прави една конекција која ни зборува дека луѓето се секогаш исти, песните напишани пред повеќе од 50 години, стануваат толку свежи и модерни, откривајќи ни ја суштината на овие ликови кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш. Со помош на зборовите кои сите ние секојдневно ги слушаме и ги кажуваме, Марта пробува да ни раскаже една приказна за оние работи за кои најчесто немаме зборови, за моментите во животот кога остануваме без текст, бидејќи како што би рекла самата Марта: „Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови.“, се вели во авторската белешка на Драгана Лукан Николоски.
Времетраење: 80 минути без пауза
Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.