Skip to main content

Македонскиот народен театар објавува отворена аудиција за машка улога во претставата „Aнгели во Америка“

Македонскиот народен театар објавува отворена аудиција за машка улога во претставата „Aнгели во Америка“ во режија на Филип Петковски и копродукција со „Пресврт“.

Претставата ќе биде работена во периодот од 1 април до 31 мај, а за истата во потрага сме по дипломиран актер на возраст меѓу 20-40 години, се вели во објавата од МНТ.

Аудицијата ќе се одржи во просториите на МНТ на 30 јануари со почеток во 11:00 часот, а заинтересираните кандидати можат да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/LVU1VYZrePBS4an1A .

По пријавувањето, на селектираните кандидати ќе им бидат испратени дополнителни инструкции како и сцените кои треба да ги научат напамет.

Поврзани вести