Skip to main content

Магдалена Манаскова, в.д. директорката на Археолошкиот музеј на средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду

Во официјална посета на Археолошкиот музеј беше амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, во придружба на заменик раководителката на мисијата, Христина Василату.

На средбата со в.д. директорката на музејот, Магдалена Манаскова, се разговараше за можностите за соработка меѓу музејските институции од двете држави, заеднички истражувачки проекти и организирање на настани кои ќе ја збогатат културната размена. Посебен акцент беше ставен на заедничкото истражување на археолошкото наследство и промоцијата на културните врски меѓу двете држави.

Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на односите меѓу нашите институции и отворање нови можности за идни соработки.

Поврзани вести