
Книжевно-музички перформанс
ПОРТРЕТИ
пијано и глас: Александар Прокопиев
гитара и бас: Бобан Здравковски Андреевски
СРЕДА / 13 МАЈ / во 19:19 часот
САЛОН 19’19, КИЦ
Новата книга на Александар Прокопиев, „Портрети“, ќе доживее книжевно-музички перформанс, со Прокопиев: пијано и глас, и Бобан Здравковски Андреевски на гитара и бас.
Дојдете да чуете и видите што ни подготви Прокопиев, покрај неговата извонредна проза!
– Во најновата книга Портрети Александар Прокопиев воплотува две свои пасии – пасијата за пишување и пасијата за пријателство. Собирајќи парченца сеќавања расфрлени по животниот пат со особено внимание кон детаљот, Прокопиев составува прозни целини распоредени во четири групи портрети: Семејни, Од животот + книжевни, Белградски студентски и Меѓу сонот и јавето.
Приказните во оваа автобиографија на пријателството настануваат преку сликите извлечени со внатрешната камера на сеќавањето, па можеби токму затоа овие Портрети на најдобар начин ја посочуваат ролјата што ја има љубовта во поврзувањето на луѓето преку заемна наклонетост. Меѓу другото, тие прашуваат и нешто многу важно, како што прашува Лаелиј во разговорот со Фаниј и Скаевола во философската расправа на Кикерон За пријателството: „Има ли нешто послатко од тоа, одошто да имаш некого, со кого ќе се осмелиш да зборуваш, како што зборуваш со самиот себе?
Дарин Ангеловски

Македонски



