Skip to main content

Скопјанка падна во шахта на „Партизанска“, тешко е повредена

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје.

Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

Од МВР велат дека извршен е увид.

Поврзани вести