Skip to main content

Тешко повредена жена откако паднала во шахта во Маџари

Вчера во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.

Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести