Skip to main content

Изложбата „Портите на Битола“ во Центар за култура

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата, граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа.

Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти.

13-то издание на изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар за култура Битола и е финансиски поддржано од Министерство за култура и туризам

Изложбата ќе се отвори на 14.08.2025 – четврток во 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола. На свеченото отворање ќе бидат прогласени победниците и наградените.

На овогодишниот конкурс свои фотографии ни испратија 36 фотографи. Од вкупно пристигнатите повеќе од 130 фотографии стручното жири во состав: Димитар Чунговски фотограф и мајстор на фотографија , Кети Талевска Бакревска – фотограф и Диоген Хаџи – Коста Милевски – фотограф направија селекција на 30-те фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешната изложба.

Сите фотографии кои пристигнаа на конкурсот а не беа селектирани како дел од изложбата ќе бидат дел од електронската изложба која ќе биде прикажана на денот на отворањето 14.08.2025 – четврток од 19:30 часот.

Оваа изложба не ни ги покажува само портите како архитектонски елементи, туку како симболи на премин, зачувување и отпор.

🔸Како своевидна ризница и дигитална фотографска библиотека на Битола – проектот СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА и оваа година е дел од Битолското културно лето Bit Fest 2025 и е поддржана од Општина Битола

🔸 Ве покануваме да ја посетите оваа исклучителна изложба и да ѕирнете низ портите на Битола.

🔸Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 14.08.2025 до 30.08.2025 во периодот на работно време на Центар за култура Битола

Поврзани вести