Skip to main content

Изложбата ,,Народните херои-огледало на државата“ на Марјан Димитријевски во Музеј на Македонија

Денеска, 11 мај (понеделник) со почеток во 11 часот, во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата ,,Народните херои-огледало на државатa“ чиј автор е проф. д-р Марјан Димитријевски. Изложбата на своевиден авторски начин го афирмира вечниот спомен, почит и благодарност кон македонските херои-хероини кои придонесоа кон нашата цивилизациска вредност. Од тука сегашните и идни генерации треба да се грижат за чување и оживување на сопствената историја, негувајќи ги државотворните идеали.

Воедно, изложбата е можност да им се оддаде признание и на вонсериските луѓе кои во историјата на државата оставиле траен белег.

Поврзани вести